Фотографиите на веб-страницата www.nissan.mk се симболични и служат исклучиво за информативни цели. Сите податоци и информации прикажани на веб-страницата и во документите се привремени и предмет на промена. Го задржуваме правото на грешки во текстот. Поради последиците од глобалниот недостиг на полупроводници, некои елементи на опремата прикажани на веб-страницата и во брошурата моментално не се достапни. Во сегашните услови, тешко е да се предвиди достапноста на специфичните елементи на опремата, кои можеби не можат да се добијат во конкретниот случај поради глобалниот недостиг на полупроводници. За најновите информации, обратете се до најблискиот овластен застапник.
Концептни автомобили Nissan Vmotion 2.0
Концептот Nissan Vmotion 2.0 комбинира префинето чувство за стил, емотивен дизајн, просторност и удобност, технологијата со цел да го олесни личниот транспорт за професионалците кои се секогаш во движење.
Драматичната силуета на концептот Vmotion 2.0 се карактеризира со отворен кров со контура што се протега од силно наведнатото ветробранско стакло до крајот на делот од багажниот простор. Долгото меѓуоскино растојание ја нагласува пространата внатрешност, карактеристичните површини на каросеријата се дефинирани со дизајнерскиот јазик на Nissan наречен Емотивна геометрија.
Затегнатите контури на динамичната каросерија се истакнати со топла сребрена боја со бакарни тонови. Благодарение на нанесувањето на лак во слоеви, секој поглед на автомобилот од различен агол открива нова суптилна нијанса на боја.