ЗА NISSAN

ЖИВОТНА СРЕДИНА

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Производство на автомобили кои ја штитат околината

Бидејќи природните ресурси ни се ограничени, целта на NISSAN е да ги унапреди производните стандарди за да го намалиме отпадот.

NISSAN Обединето Кралство и Шпанија: 90% рециклирање
Во Велика Британија и Шпанија вложуваме големи напори за максимално намалување на загубите со рециклирањето, повторната употреба и обновата. Резултатот е јасен: NISSAN веќе ја достигна стапката од 90% на рециклирањето во фабриките кои произведуваат лесни економични и патнички возила. Продолжувањето на напорите за подобрување на стапката на рециклирање е во план на сите фабрики на NISSAN.

ISO 14001
Нашите фабрики во Обединетото Кралство и Шпанија во 1988 ја воведоа нормата ISO 14001, меѓународен стандард за управување со околината при производство на автомобили. Со нив се одредуваат целите за подобрување на надзорот на емиссите во водите, во воздухот и во земјата, ефикасното искористување на енергијата и постојаното смалување на влијанието врз околината. 

Обновлива енергија
Толку многу ги сакаме ветерниците, што имаме цела збирка. На пример, ја имаме онаа во НМУК. Со производството на обновена енергија, емисијата на јаглерод диоксид во фабриките е намалена за повеќе од 3.000 годишно.
Во октомври 2005, НМУК постави шест ветерници од 600 kW и започна со производство на струја. Резултатите? Можеби не се видливи, но несомнено може да се почувствуваат:

  • создадена е енергија еднаква на енергијата потребна за 1.800 англиски домаќинства,
  • CO2 е намален за 3.300 тони во годината,
  • проектот покри 18% од целниот износ за обновлива енергија во локалната заедница,
  • истовремено, добивме и награда во Кампањата за заштита на рурална Британија,
  • а ветерниците ни послужија за активност со локалната заедница и поддршка на образованието на инженери.

Штедиме енергија во Шпанија
Свесни за важност за ефикасната употреба на природни ресурси, во фабриката на NISSAN во Шпанија трајно се работи на смалување на потрошувачката на енергија, материјал и вода, како и количеството на отпад. 
Од крајот на март 2007, NISSAN мотор Иберика користи обновлива енергија:

  • во фабриките Зона Франка и Авила поставени се фотонапонски ќелии кои произведуваат струја,
  • а во фабриката во Авила водата ја топлат топлински соларни плочи.
  • (Не Ви е јасно како тоа им служи на луѓето? На пример: плочите создаваат 33% од енеријата која се користи во бањите на лакерските работилници).

Во текот на една година така се заштедува 1.400.000 kWh, што на годишно ниво би морало да ја смали емисијата на CO2 за 317 тони.

Произведуваме ефикасно во склад со природата
NISSAN  се стреми кон тоа во текот на целиот животен век на автомобилот да го смалува отпадот и да произведува квалитетни, сигурни автомобили приспособени на околината. Со други зборови, со едното око го следиме производството, а со другото - природата. И тоа започнувајќи од фазата на дизајнирање на автомобилот.

Постапување со дотраените возила

Сите дотраени возила (ЕЛВ-end-of-life vehicles) содржат материјали кои може да се рециклираат и со нив постапуваме во согласност со барањата на европските директиви за таквите возила.

Собирање на течностите
Најпрво ги испуштаме сите течности: маслото на кочниците, моторното масло, преносното масло. Внимателно ги собираме и ги чуваме засебно до обработката во специјализираните оддели за рециклирање. Така ја избегнуваме можноста за загадување на тлото, водата и воздухот.

Расклопување
Голема количина од деловите на возилата може повторно да се искористи. По расклопувањето, тие делови ги чистиме и ги проверуваме, па потоа ги складираме додека не се искористат во другите автомобили на NISSAN.
За се' да оди полесно (и побрзо), се служиме со стандардизирани алатки. Ја смалуваме количината на потребна опрема, ги означуваме пластичните делови и постојано ја унапредуваме техниката за расклопување.

Пресување
На крај, исчистеното возило се пресува и резултатот од пресувањето се разделува според материјалите (метал, пластика и тн.). Добиените материјали може да се рециклираат во нови делови или за други цели.

Поттикнување за згрижување на старите возила
При рециклирањето, нам ни помага Меѓународниот информатички систем за расклопување на возила (ИДИС), развиен во соработка со 21 производител на автомобили. Со посредство на ИДИС, NISSAN дава податоци за неметалните материјали, делови од тие информации на сопствениците на единиците за рециклирање. Повеќе поединости може да се најдат на адресата www.idis2.com.

Дотраени возила, што е тоа?

Што се подразбира под дотраено возило?
Ништо не трае вечно, па ни автомобилите на NISSAN. Кога ќе дојде време, сите заминуваат во пензија. Но, тоа не значи дека се безвредни. Секое дотраено возило содржи вредни материјали (челик, лесни метали, легури, алуминиум, бакар, цинк и тн.) кои може да се рециклираат и повторно да се употребат.

Европска законска регулатива за дотраените возила
Европската Унија ја донесе во 2000 год. Директивата за дотраени возила (ЕЛВ). Секоја земја-членка беше должна да ја преточи во сопствените прописи. Целта на директивата е да се намали отпадот кој останува од дотраените возила заради заштита на земјата, водата и воздухот и за возилата од идните генерации да може потполно да се рециклираат.

Што кажува законот?
Постојат јасно одредени цели за рециклирањето за да може дотраените возила да бидат приспособени на околината. Во новите автомобили ограничена е примената на челик, жива, кадмиум и хексавалентен хром. Материјалите кои може да се рециклираат, мора да бидат означени за да бидат полесни за препознавање.
Новите возила, во идинина ќе мора пред излезот на пазарот, да докажат дека може да бидат рециклирани - дали како материјали или како енергија.
Законот за дотраени возила ги опфаќа сите видови на автомобили, економични возила, камиони потешки од 3,5 тони и автобуси со повеќе од девет седишта.

Што да направите со својот автомобил?
Во Македонија постои мрежа на единици за рециклирање кои ги преземаат старите возила од последниот сопственик. Ако се најдете во таква ситуација, својот NISSAN може да го донесете во центарот за згрижување. Таму ќе добиете потврда за уништувањето на возилото. Со неа, полесно ќе се ослободите од какви било обврски врзани со Вашиот автомобил.

Технички предуслови за продажбата на автомобилите на NISSAN

Нови европски стандарди
Во сите 27 земји-членки на Европската Унија, автомобилите пред продажбата мора да ги задоволат локалните технички услови. Причина за тоа се засилената сообраќајна безбедност, намалувањето на потрошувачката на енергија и заштитата на околината. Поголем дел од земјите ускладеноста со тие барања ја проверува со хомологација на типот на возило - автомобилот се оценува со земање предвид на прописите на сигурноста, буката и емисијата.

Обврски на производителот
Во земјите-членки на ЕУ, производителот на автомобили мора да докаже дека новиот модел ги задоволува техничките барања со скоро 60 технички елементи. Дури кога ќе го добијат допуштањето, производителите на автомобили може да започнат да го продаваат возилото на пазарот на ЕУ. Тоа потврдува дека нивниот производ ги задоволува техничките норми.
Покрај тоа, од 2008 год. Производителите на автомобили однапред се должни да покажат како нивното возило ќе влијае врз околината на крајот на својот работен век.

Цел: 95 процентна обновливост
Со директива за рециклирањето, повторната употреба и обновата која зборува за влијанието врз околината на новите возила, европското законодавство бара од производителот да ги оцени техничките можности за повторната употреба, рециклирањето и обновата на енергијата од материјалите од кои е произведен автомобилот. Збирот на тие три фактори (обновливост) за новите возила мора да достигне 95 проценти.

Ускладеност на секој чекор
Кога Нисан воведува ново возило на европскиот пазар, мора на властите да им докаже дека возилото може да ја оствари обновливоста од 95%. Заради тоа, NISSAN во сите фази на осмислување, развој и производство на новото возило воведе постапки со кои може да се осигура дека таа обврска за возилата наменети за европскиот пазар ќе биде исполнета.

Обликување заради обновливост
Обновата подразбира два главни концепти:

  • можност за рециклирање на материјалот од автомобилските делови,
  • можност за обнова на елементите со искористување на енергијата од материјалот (обнова на енергијата со горење на материјалот).

Во текот на развојната фаза на автомобилите на NISSAN, сметаме и ја зголемуваме можноста за обнова на компонентите бирајќи ги најдобрите материјали.

Зголемување на можноста за рециклирање
Во фазата на обликување, конструкторите настојуваат да ја зголемат можноста за рециклирање и обнова на автомобилите на NISSAN. Со примена на материјали кои лесно се рециклираат и со што поглема употреба на еднакви материјали и структура, можеме да ги исполниме законските услови.
Слично, бараната стапка на можноста за рециклирање се остварува со развој на методи на расклопување кои ја штитат околината од фазите на конструкција, ја означуваат пластиката за рециклирање и применуваат некомбинирани материјали (моно материјали).

Примерот на Qashqai
Со Qashqai веќе ја достигнавме стапката на обнова од 95% со рециклирање на метал, стакло, гума, течности и масла, но и со замената и обновата на деловите како што седиштата, браниците, таблата со инструменти, резервоарот за вода, гориво и другите елементи.

Кон возилата приспособени на околината
... И нема да застанеме на тоа бидејќи сакаме што е можно повеќе да го намалиме влијанието на дотраените возила врз околината и на возачите на NISSAN да им понудиме сигурност и автомобил кој ја штити околината која ја набљудуваат низ прозорците.

Рециклирање, обнова и повторна употреба

Целта ни е да развиеме автомобили кои лесно се рециклираат на крајот на нивниот работен циклус. Затоа, за да ги сочуваме природните ресурси, за да ја намалиме емисијата на CO2 и да го сведеме отпадот во најмала мера, се сконцентриравме на рециклирање, на обнова и на повторно искористување на автомобилите.

Ист пристап во сите фази
Настојуваме да рециклираме, да обновиме и повторно да употребиме во сите фази на животниот циклус на автомобилот (од обликување преку производство и продажба до сервис и отстранување).
При обликувањето и развојот, се обидуваме да ја унапредиме конструкцијата преку избор на материјал кој лесно се рециклира, што ја зголемува можноста за примена на рециклирани материјали и го олеснува размонтирањето на деловите. Во текот на производството, целта ни е да го намалиме, па и целосно да го елиминираме отпадот. Во фазата на продажба и сервис, застапниците на NISSAN ги почитуваат барањата на околината во своите секојдневни активности. Во текот на отстранувањето, дотраените возила се рециклираат и згрижуваат за да нема отпад и за да се заштитат воздухот, земјата и водата.

Како ново NISSAN ги исполнува европските прописи со вградување на што повеќе пластични делови во секој нов модел. Рециклираните материјали мора да ги задоволовуаат истите строги барања во поглед на перформансите, сигурноста и трајноста како нови материјали. Кога станува збор за видот на пластиката, не прифаќаме какви било компромиси, туку секогаш ја усовршуваме. Денес Нисан воглавно применува рециклирана пластика во црна боја на местата кадешто истата не е изложена на директни пголеди. Покрај тоа, вградуваме и редица делови од рециклирана пластика кои се видливи и/или во слична боја (сива или темна боја), како и деловите под автомобилот, како на пример, облогите на браниците, заштитните завеси, вшмукувачите на воздух и тн. Непрекинато настојуваме да ја применуваме пластиката и на многу други начини.

Користиме рециклирани производи. Кога и да можеме.
Во европските автомобили обично вградуваме околу 40 кг рециклирани материјали. Така, настојуваме да ги заштитуваме природните ресурси и да ја намалиме количината на отпад.
Во новите модели повеќе од 50 делови се изградени од рециклирана пластика. Тавките материјали имаат ист квалитет и состав како никогаш употребуваните материјали, па така и функционираат.

Мислиме на купувачите.
Целта ни е да произведуваме автомобили кои ги исполнуваат Вашите очекувања и ја чуваат околината. Целокупниот процес на NISSAN, од фазата на развој и обликување е потполно посветен на максимално задоволство на идните сопственици.