ЗА NISSAN

МИНАТО

МИНАТО

1. Раѓање на NISSAN

Фабриката своето дејствување го започна со производството кое достигнуваше 20.000 единици.

1933
По спојувањето на компанијата Никон Санџио и Тобота Имоно во Јокохама, настана фабриката Џидоша Сеидо. Тоа ново претпријатие кои одлично го водеше Јошисуке Аивака, ги презеде сите производни операции на Дацун.

1934
Сопствеништвото над претпријатието потоа го преземе Нихон Санџио и му го менува името во NISSAN моторна компанија.

1935
Од производната линија во фабриката во Јокохама, прв се симнува Дацун. Почнува производството на автомобилите на NISSAN , камиони и автобуси со големи размери.

1941
Бидејќи достигна производство од 20.000 возила, NISSAN ја успорува активноста заради избивањето на Војната на Пацификот.

2. Повоено враќање

По завршувањето на војната, NISSAN се престројува и започнува да произведува низа модели кои ќе влезат во легендите.

1947
Повторно започнува производството на Дацун.

1951
NISSAN се служи со искуството стекнато во производството на воени возила во текот на Втората Светска Војна за да ја произведе легендата: Патрола. Теренецот со интегрален погон, шест цилиндри и 85 КС, со големината и со силата го надмина американскиот Вилис џип.

1953
Заради спорот меѓу работниците и управата избива 100 дневен штрајк. По завршувањето на спорот, двете страни одржуваат добри односи.

1958
Светскиот автомобилски пазар ја гледа важноста на новиот играч на NISSAN по победата на Дацун 210 во трката Мобилгас околу Австралија.

1959
Во Јапонија, на пазарот излегува Дацун Блубрд кој веднаш станува хит, што им беше и целта.

1960
Две години по извозот на првите автомобили во Северна Америка, NISSAN во Калифорнија ја основа корпорацијата NISSAN Мотор САД.

3. Правец: Европа

По успешното ширење во САД и Австралија, NISSAN излегува на европскиот пазар.

1962
NISSAN започнува да извезува во Европа.

1966
NISSAN се спојува со производителот на автомобили Принс. По тој потег, на претпријатието му се придружија врвни инженери, а во понудата се вклучија познатите модели Скајлајн и Глорија.

1969
На пазарот излегува легендарниот 240Z. Моторот со шест цилиндри, опфат од 2,4 литри и сила од 150 КС имаше перформанси еднакви на перформансите на Порше, но за половина пониска цена.

1973
Насред нафтената криза, Американската агенција за заштита на околината го прогласи NISSAN Сони за автомобил со најмала потрошувачка на гориво, па тој станал мошне популарен во САД.

1980
NISSAN купува акции од шпанската компанија Мотор Иберика С.А. од Барселона. Вкупниот извоз надминува десет милиони единици. Во американскиот град Смирни, во државата Тенеси, основана е корпорацијата за производство NISSAN Мотор.

1983
NISSAN мотор Иберика започнува со производсто на Патрола (Сафари). Дотогаш, на странските пазари продавани под марката Дацун, сите возила на NISSAN низ целиот свет се обединуваат под марката NISSAN.

1984
Во Обединетото Кралство основан е NISSAN европскиот технички центар.

1986
Во Сандерленд започна производството на првиот модел Bluebird.

1988
Во Обединетото Кралство основан е NISSAN европскиот технички центар. Раѓање на NISSAN Италија, прв во низата на дистрибутивни претпријатија на NISSAN (тн. НСЦ - National Sales Company).

4. Пазарен раст

NISSAN Европа од самиот почеток расте и освојува награди.

1989
За да ја водат целокупната европска активност, вклучувајќи го и развојот на производство, продажбата и економското управување, во Амстердам е основан NISSAN Европа НВ.

1991
Во Велика Британија е основано новото дистрибутивно претпријатие NISSAN Мотор (ГБ). NISSAN мотор производство започнува да извезува Примера со пет врати во Јапонија.

1992
Во Германија е родена компанијата NISSAN Дизајн Европа.
Осмислена во англискиот Сандерленд, на европскиот пазар излегува Микра, со што почнува периодот на супер мини. Микра во 1993 станува европски автомобил на годината.

1993
NISSAN мотор Иберика го започнува производството на новиот модел со погон на сите тркала за европскиот пазар - Терано 2. Терано 2 станува светски хит и до 1999 год. зазема повеќе од 15% од капацитетот на фабриката во Барселона.

1994
NISSAN мотор производство три години по ред ја освојува наградата Кралица на извозни успеси.

1995
NISSAN мотор производство почнува да ја извозува Микра во Австралија.

1997
Во Шпанија е основан новиот NISSAN европски технички центар С.А.

5. Препороден NISSAN

NISSAN брзо ги надминува финансиските потешкотии, надминувајќи ги претходните профитни стапки.

1999
Рено и NISSAN потпишуваат договор за создавање на светска алијанса. Така настанува четвртата најважна автомобилска групација во светот, со годишно производство од скоро пет милиони возила и 265.000 вработени. Заради големите потешкотии на фабриката предизвикани од големите загуби, Карлос Госн го објавува планот за закрепнување на NISSAN.

2001
Во даночната 2011 год., NISSAN Европа повторно станува профитабилен, па NISSAN остварува добивка од работењето од 8%, најмногу во историјата на компанијата.

2002
Карлос Госн ги изненадува аналитичарите со изјавата дека целите на планот за опоравување се постигнати една година пред планот. Почеток на новиот тригодишен план, 180, во историјата на NISSAN. NISSAN отвара ново европско седиште во Париз. Новата компанија е регистрирана под името NISSAN Европа С.А.С.

2003
NISSAN свечено го отвара Европскиот центар за дизајн во Лондон. Во даночнатата 2002 година, компанијата бележи рекордна работна добивка од 6,25 милијарди евра и профитна маржа од 10,8%, најголема во автомобилската индустрија. Долгот на автомобилските активности беше поништен.

2004
Во даночната 2003 година, компанијата забележа рекордна работна добивка од 6,29 милијарди евра и профитна маржа од11,1% со што NISSAN повторно се потврди како еден од најпрофитабилните производители на автомобили во светот.