NISSAN X-TRAIL
ИНТЕЛИГЕНТНА NISSAN МОБИЛНОСТ
NISSAN X-TRAIL
ИНТЕЛИГЕНТНА NISSAN МОБИЛНОСТ

ЗАПОЗНАЈ ГО НОВИОТ ПАРТНЕР
ПОМОШ, СЕКОГАШ КОГА ВИ Е НАЈПОТРЕБНА
Интелигентниот систем за помош при возење на Nissan е партнер на кој може да се потпрете и кој секогаш внимава на вас како и оние околу вас.

Не ви оди паркирањето? Израмнете го X- Trail со паркинг местото и препуштете го управувањето на системот.

Не мора да ја вртите главата: кога паркирате назад, слободно потпрете се на задната камера.

Системот ќе ве предупреди доколку во непосредна близина на возилото забележи препрека или пешак, а доколку има потреба и ќе го забави движењето на возилото.

Системот ќе ве предупреди доколку несакајќи излезете од сообраќајната лента без да го вклучите трепкачот и со лесно сопирање ќе ве врати во вистинската лента.

Како што налага ситуацијата така и системот ги прилагодува светлата: кога ќе забележи возило од спротивна насока ќе ги собори и по потреба повторно ги подинува.

Почитувајте ги најновите ограничувања на брзина со автоматско препознавање сообраќајни знаци.

Овој систем ќе ве предупреди доколку забележи возило во мртвиот агол.

Со вклучен Around View Monitor системот ќе ве предупреди доколку нешто се движи околу вас како количка или деца.

Системот ќе ве предупреди за секакво движење зад вашето возило кога возите наназад.

Останете мирни при кривини. Овој систем го регулира притисокот на кочниците на секое предно тркало за да го задржите оптималниот правец во свиоците.

Не се грижете за нерамнини ! Овој систем лесно прикочува на нерамнини и возањето го прави поудобно за целото семејство.

Залепете се во свиокот. Овој систем управува со CVT менувачот во мали свиоци како сами да управувате со рачниот менувач така што успорува при влез и забрзува при излез од свиокот.

Го подобрува соединувањето на тркалата со патот и надвор од него. Со помош на компјутер и сензори интелигентниот систем го мери пролизгувањето на тркалата и моментелно го распределува вртежниот момент со што до 50% го насочува на задните тркала.

Кога возилото стои во место, го задржува во таа состојба без да ја држите ногата на сопирачка или да дигнете рачна сопирачка.
ПАМЕТНА СИЛА
ЗГОЛЕМЕТЕ ЈА ВОЗБУДАТА
- NISSAN BiH
- nissan.mk
- nissan.me
- nissan.hr
- nissan.si
- nissan.rs
- nissan-rks.com